
Ракометната репрезентација на Македонија ја доби селекцијата на Фарски Острови за противник за баражот за пласман на следното Светско првенство кое во 2025 година ќе се игра во три земји – Хрватска, Данска и Норвешка.
„Фараните“ ќе биде незгоден противник за нашата репрезентација ако се знае фактот дека оваа репрезентација овој јануари на дебитираше на Европските првенства, а таму со својот начин на игра, дисциплината, професионалноста Фарски Острови одигра нерешено со ракометната велесила Норвешка, а тесно загуби од Словенија и Полска, но прикажа одличен ракомет.
Македонија на ЕП во Германија заврши на претпоследното место во групата откако ја победивме Швајцарија во последното коло, а тоа значи и 17. место за нас на ЕП. Бидејќи го избегнавме последното место, Македонија имаше улога на носител во баражот за следниот мундијал.
Првиот бараж натпревар ќе се игра на 8/9 мај во Торсхавн, додека реваншот ќе биде во Скопје на 11/12 мај.
Александар Ванев, М-Нет