Македонија загуби од Словенија, во Љубљана не успеавме да постигнеме гол

Македонија го доживеа вториот пораз во новото издание на Лигата на нации, откако во Љубљана нашата репрезентација беше поразена со 2:0 од Словенија.

Во првиот дел игравме рамноправно, но без реализација, а во вториот дел Словенците успеаја да постигна два гола и со тоа да ги обезбедат трите бодови.

Селекторот Гоце Седлоски направи дури осум промени во стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија, но одново изостана реализацијата за погодок и претрпевме нов пораз.

Санди Ловриќ го отвори резултатот за водство на Словенија во 55. минута, а печат на победата за домаќинот стави Аљоша Матко во 82. минута за конечни 2:0.

Нашата репрезентација имаше неколку шанси во текот на натпреварот, но беа реализација и од Љубљана се враќаме одново без бодови.

Време за одмор нема бидејќи веќе в сабота Македонија во Скопје ќе игра против Шкотска во обид за позитивен резултат и крај на резултатската криза.

Македонија последен пат славеше на 7 септември минатата година кога славевме на Лихтенштајн со резултат од 5:0, од тогаш победа нема, а последен пат гол постигнавме на мечот со Велс, кога нашата репрезетнација беше убедливо поразена со 7:1 на 18 ноември 2025 година.

На последните десет натпревари немаме триумф, нашиот учинок е пет порази и пет ремија, а од последните пет средби имаме две ремија и три последователни порази.

Под водство на селекторот Гоце Седлоски, македонската фудбалска репрезентација нема постигнат гол, ниту забележано победа.

Александар Ванев, М-Нет