Македонец и бразилка ќе пеат опера во четврток на ШКЛ во Штип

Овој четврток, во рамките на Штипско културно лето, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во настапот на врвните музички имиња – македонскиот уметник Тодор Арсовски и бразилската пијанистка Џована Черанто. Концертот претставува значајна културна средба, која ја поврзува македонската музичка традиција со светските уметнички искуства.

За Тодор Арсовски ова ќе биде посебно враќање пред штипската публика, по десет години живот и работа надвор од Македонија, каде повторно ќе го покаже својот врвен талент. На сцената ќе му се придружи Џована Черанто, пијанистка од Бразил која живее и работи во Италија, каде е дел од Академијата на Музичкиот мај во Фиренца и зад себе има две магистерски титули.

„Ние настапуваме на 09.07 сега во четврток во галеријата Безистен и може да очекувате една национална соработка со една прекрасна пијанистка од Бразил која моментално живее и работи во Италија, ние имавме пред се една прекрасна соработка. Концертот е наслвен „Вечери на македонска музика“, и сме концентрирани на македонските автори. Исто така сакам да напоменам дека ќе имаме и гостин, тоа е нашиот сограѓанин Лука Петешев.“- Тодор Арсовски

Зад камерите на М-Нет ТВ Арсовски ни откри дека дој свој талент покажал уште на своја 4 годишна возраст и се сомнева дека истиот тој талент да свири на неколку иструменти и пее го добил од својата баба.

Џована Черанто е врвен пијанист зад себе има две магистерски титули и работи во Академијата на Музичкиот мај во Фиренца

„Јас сум Џована Черанто, пијанист сум од Бразил, но живеам во Италија веќе 6 години. Многу сум среќна што сум овде во Македонија, Штип и го запознав Тодор на познат фестивал во Бразил и кога го запознав нехо тој беше единствениот музичар од Македонија и јас бев пијанист асистент на него и така почна нашето нашето музичко партнерство и повторно јас сум многу среќна што сум овде. Ми се допаѓаат ваквите културни размени и сметам дека ова е доста важно за да запознаеш нови луѓе, различни места, и сметам дека музиката ја има силата да ги спои луѓето и и денес тоа е најважно до сега.“- Џована Черанто

Музиката повторно ги спојува луѓето и границите стануваат невидливи кога уметноста зборува со својот универзален јазик. Штип ќе биде местото каде македонскиот и бразилскиот талент ќе се сретнат во една незаборавна вечер исполнета со емоции, култура и врвна музика.

Дајана Сандева, М-Нет