Магла, дожд и минусни утра го очекува истокот до првата половина на декември

Магла, дожд и минусни утра го очекува истокот до првата половина на декември. Синоптичарите предупредуваат дека врнежите локално ќе наврнат и до 15 литри дожд на метар квадратен. Од недела се најавува кратко разведрување, но со тоа и значително пониски утрински температури, кои особено во Осоговско–Малешевскиот регион ќе паднат до –1 и –2 степени. Дневните температури ќе останат меѓу 8 и 13 степени. Значајна промена на времето не се очекува до крајот на втората половина од декември, а маглата и врнежите ќе бидат честа појава.

,,Во источниот регион во следните денови се очекува локално да наврнат до 15 литри на м2. Дожд. Веќе од недела ќе имаме стабилизирање на времето и во почетокто на новата работна седмица, со тоа што ќе имаме и разведрување. Поради истото ќе има пониска утринска температура. Во истокот особено во осговско-малешевскиот регион утринската температура да се спушти и до – 1 и -2 степен. Дневните температури без значителна промена слични на овие до недела, од 8 до 13 степени. До крајот на втората декада од месец декември некоај значителна промена за сега не се очекува. Ќе следува променлив период со врнежи од дожд. Се очекува да има и утринска магла.“, рече Фиданоска Мишкоска

Времето до сабота ќе биде облачно, но релативно топло потенцираше Фиданоска Мишкоска. Рече дека преку деновите ќе има поврени локани врнежи од дожд.

Инаку, и иденксот на квалитетот на воздухот во момент изнесува 81 ниво Слабо.

Воздухот достигна високо ниво на загадување и е штетен за здравјето кај чуствителните групи. Лекарите препорачуваат да се намали времето поминато надвор, ако граѓаните чувствуваат симптоми како што се отежнато дишење или иритација на грлото.

Иван Митев, М-Нет