
Второлигашот Брегалница од Штип денес претстави ново засилување за пролетниот дел од сезоната, каде Брегалница ја очекува пролетна борба за експресно враќање во Првата лига.
Се работи за Лука Георгиев, кој во Брегалница доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица, каде остана само една полусезона, односно го носеше дресот на радовишани во есенскиот дел.
Георгиев игра во средината на теренот, кариерата ја има започнато во Осогово од Кочани, а има настапувано и за Брера Струмица.
Брегалница есенскиот дел го заврши на второто место со 33 бодови, еден повеќе од Башкими кој е трет, а пет помалку од лидерот Македонија ЃП. Штипските „сини“ предводени од Трајче Сенев пролетниот дел го отвараат во Прилеп против Победа, а целта ќе биде да се сочува второто место кое директно води во Прва лига и да се напаѓа првото место.
Александар Ванев, М-Нет