Лице позитивно на Ковид – 19 побегнало од модуларната ковид болница во Штип

Лице позитивно на Ковид 19, ноќеска побегнало од модуларната Ковид болница во Штип. Како се случил настанот, директорот на Клиничка болница Штип, др. Ален Герогијев сеуште не знае. Меѓутоа во телефонски разговор за М-Нет телевија истака дека се работи на расчистување на случајот.

“Модуларната ковид болница во Штип е заклучена, но тоа не е затвор. Лицето си ја отклучило вратата и заминало. По усна наредба, формирана е комисија која денеска треба да го провери настанот и во текот на утрешниот ден, во писмено соопштение да ми се предаде, откако ќе бидат земени изјави од вработените кои биле дежурни синоќа. Одговорност ќе има доколку има пропусти од наша страна, но сега неможам да кажам ништо. Со подетални информации во понеделник“ – истакна директорот на Клиничка болница Штип, др. Ален Георгијев.

Лицето е пронајдено половина час по полноќ од страна на полициски службеници Штип, пронајдено мртво, информираат од СВР Штип. Имено на 24.04.2021 година во 00.35 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Мирче Ацев“ во Штип бил пронајден починат Д.Н. (75) од Пробиштип. Лекар од Итната  медицинска помош констатирал смрт, а по преземани мерки било утврдено дека починатиот бил хоспитализиран во  модуларната болница во Штип како Ковид 19 позитивен пациент. Се работи на расветлување на околностите под кои ја напуштил болницата. Увид извршила екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Лаура Стојанова М-Нет