Лирија убедлива против Демир Хисар, реми во Ресен, минимални победи за Сатеска и Јанг Тим

Лирија во Грнчари со убедливи 4:2 го декласираше Демир Хисар на домашен терен. Победникот беше решен уште во првиот дел кога Лирија имаше водство од 4:1. Двојни стрелци за домашниот тим беа Демир Неџипи и Благоја Наумоски, а пак за гостите погодија Александар Ангелевски и Стефан Каревски.

Сатеска со голот на Никола Секулоски дојде до минимален триумф од 1:0 над Кравари, а со 0:1 Јанг Тим славеше над Влазними со голот на Абил Шаќири.

Во Ресен екипите на Преспа и Иднина Боровец ги поделија бодовите играјќи реми без погодоци (0:0). Екипите на Новац и Кораб беа слободни во оваа коло.