Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на фјучрсот во Братислава

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот W75 во Братислава, Словачка што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа во првата рунда загуби од петтата носителка Антонија Ружиќ од Хрватска со 2-0 во сетови за 70 минути игра.

Неизвесно беше во првиот сет од меч. По водството на хрватската тенисерка од 1:0 во гемови, Ѓорческа имаше серија од три гема за водство од 3:1, а потоа македонската тенисерка предноста ја задржа и имаше водство при 4:3. Но, следните три гема ги освои тенисерката од Хрватска и го доби сетот со 6:4.

Во вториот сет по 1:1 во гемови, Ружиќ освои пет гема во низа и го доби сетот со 6:1 во гемови, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови. Со оваа победа Ружиќ поведе со 2:1 во добиени мечеви против Ѓорческа.

Македонската тенисерка на ВТА листата е на 260-тото место.

Александар Ванев, М-Нет