
Репрезентацијата на Македонија за утрешниот меч со Романија ќе има ново крило, откако селекторот Кирил Лазаров мораше да реагира и да прави промени по серијата повреди на двете леви крила Иван Џинов и Петар Атанасијевиќ.
Стручниот штаб одлучи да го повика Гоце Ојлески, капитенот на Охрид кој денес треба да пристигне во Хернинг, а кој е во одлична форма бидејќи беше во тренажен процес со Охрид и одигра неколку пријателски натпревари.
Македонија утре ќе игра против Романија во важен меч.
Александар Ванев, М-Нет