
Страв и паника кај родителите и учениците – вака кочанчани ги коментираат лажните дојави за бомби во основните и средни училишта минатата недела. Велат дека иако ова не е новост со која се соочуваат за првпат, оти лажни дојави речиси секој ден имаше во Скопје, сепак децидни се дека доведува до страв и паника за безбедноста за своите деца и внуци.
„Реално да, ама кога ќе се земе во предвид дека констатнтно ги имаше и во Скопје мислам дека нема некоја смисла. Јас таму работам до училиштето, полицијата дојде брзо се реагираше“ – велат граѓаните.
Сите анкетирани се децидни дека безбедноста пред училиштата треба да биде зголемена, со цел да се избегат немили настани, па макар и лажни дојави за бомби.
Инаку во петокот основните и средни училишта на територија на Кочани добија лажни дојави за поставени бомби. Се реагираше од страна на полицијата за време на првата смена, а втората непречено се одвиваше.
Лаура Стојанова М-Нет