Куќа во штипско Ново Село ќе се реконструира во автентичен стил, ќе се користи како сместувачки капацитет

Дел од улиците во штипско Ново Село веќе се поплочуваат во автентичен стил, а во тек е тендерот за да се поплочат и краци од останати улици. Ова е проект со кој се предвидува Ново Село да биде уредено во автентичен стил карактеристичен за ова населено место.

„Во тек е тендерската постапка и за другите краци од улици кои се во Ново Село, „Никола Карев„, „Сане Малинов“, дел од улицата „Никола Карев“ се опфатени со поплочување во автентичен стил. Паралелно ќе се работи и на овие краци од улици. Со тоа практично Ново Село ќе добие една целина.“ – вели Јорданов.

Улицата „Крсте Мисирков“ претходно беше со коцка, а поплочувањето започна кон средината на претходната година. За ова беа одвоени нешто повеќе од 6 милиони денари.

Реконструкцијата на една куќа ќе биде во автентичен стил, истата ќе се користи и како сместувачки капацитет за потребите на општината со што ќе се подобри и туристичкиот капациетет. Освен ова ќе се реконструира бањата Кежовица, изворот Л`џи, а ќе се фасадираат и неколку останати куќи.

„Овој проект ги опфаќа една куќа која треба да се реконструира во автентичен стил, да биде како сместувачки капацитет за потребите на општината, но и за подобрување нна туристичкиот капацитет затоа што со овој проект е опфатено реконструкција на бањата Кежовица, на изворот Л`џи. Со ова се предвидува да се заокружи процесот на реставрација на Ново Село, на реконструкција на постоечки улици. Предвидуваме задржување на автентичниот стил на изглед на куќите во Ново Село“ – додава Јорданов.

Жителите од штипско Ново Село се задоволни од она што се работи на терен, согласни дека со ваквиот начин на уредува нивното место на живеење ќе го добие автентичниот изглед.

Лаура Стојанова М-Нет