„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува како се работи во интерес на граѓаните, развојот на стопанство и раст на економијата. Се преземаат мерки и се имплементираат политики кои значат вработување на македонските граѓани, зголемување на вработеноста преку мерки за самовработување и отворање на нови работни места“, вели Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во оваа насока Владата донесе Оперативен план за вработување за 2026 година, во чии рамки е отворен и јавниот повик за финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“ во микро, мали и средни претпријатија, во социјални претпријатија, граѓански организации.
Основна цел на мерката е поддршка со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра и креирање на нови работни места.
Со мерката една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања.
Ова претставува одлична можност за македонските стопанственици кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места и со тоа да придонесат за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на македонските граѓани.
По јавниот повик за самовработување кој беше насочен кон лица што сакаат да отворат сопствени бизниси, мерката за финансиска поддршка за креирање на нови работни места е втора по ред од Оперативниот план за вработување за оваа година, насочена кон компаниите“, изјави Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот (Видео) Кузманоска: 5,4 милиони евра финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, втор повик од Оперативниот план за вработување 2026 е превземен од МАКФАКС.