
Таван пред распаѓање, кров кој тече, врата заштитена само со најлон оти стакло нема, наместо шпорет, ќумбе на кое се греат двете малолетни деца во семејството Ивановски. Живеат во село Стамер, делечевско, но животот во 21 век за нив преставува вистински предизвик. На минусни температури, ставаат плехови за да не им врне дома, и се молат да не падне таванот и да повреди некој.
„Ставаме плекови да не капи.“ – додава Ивановска. Мајка на децата
Бабата на децата вели ваквиот начин на живот е многу тежок, немаат храна, немаат соодветна облека за децата кои одат во петто и седмо одделение, но уште потешко е што куќата е во распаѓање, немаат тоалет, ниту сигурност за живот.
„Таванот паѓа, кога врне дожд или снег капи. Секој момент може да падне таванот. Куќата тече од горе“ – вели Јангеловска.
Со цел да се помогне на двете малолетни деца кои живеат мизерен живот во село Стамер, нивните роднини започнаа акција за да се помогне и да живеат нормален живот како сите останати. Отворена е донаторска сметка на име на вујната на децата, а потребно е да се соберат средства како и материјал за да се реновира старата дотраена куќа.
„Треба прво да се санира кровот на куќата, да се реновира внатрешниот плафон. Апелираме кој може со што може да помогне. Ние отворивме донаторска сметка која се води на мое име и презиме. Средставата ќе бидат искористени да се купи материјал и да се создадат подобри услови за живот за децата. Мајстори да се платат, треба да се направи и купатило“ – додава Јангеловска.
Потребни се мајстори кои би работеле на санација на куќата, како и граѓани и фирми кои може да помогнат, да се санира најпрво кровот, прозорците и вратите, но и шпорет за да се поминат ниските температури и студот.
„Најбитно е да се санира кровот, оти во секој момент може да падне. Со последното невреме се гледа дека од секаде дува. Гледате дека шпорет нема, а студени минусни температури. “ – вели Ѓоргиевски.
Апелот стои сите хумани граѓани кои се во можност да помогнат и со храна, облека и средства за хигиена со цел нормални услови за живот да добие семејството Ивановски од село Стамер делчевско.
Лаура Стојанова М-Нет