
Божиќен маркет годинава за првпат ќе се реализира во Штип, по примерот на големите европски градови. Започнува на 20 декември на шеталиштетот Ванчо Прќе каде ќе биде поставена голема бина, а ќе се престават и познати музчики имиња. Дедо мраз на најмалите ќе дели пакетчиња, ќе се слушаат познатите новогодишни песни, а повозрасните ќе имаат можност да уживаат со греана ракија и греано вино. Саботата целодневно е резервирана за децата со шоу перформансот за деца, дополнително со аниматори, жонглери и слично. Во недела на шеталиштето ќе помине и пет метарски џин робот.
„За првпат во историјата на градот ќе имаме музички хепанинг, ќе имаме кристмас марект и сме први во град во внатрешноста од државата. Ова е по репер на големите европски градови како Будимпешта, Прага, Амстердам и слично. Со ова сакаме луѓето да ги зближиме“ – вели Кацаров.

Освен кристмас маркетот, преновогодишните празници во Штип ќе се дочекаат во пријатна и незаборавна атмосфера која ќе започне од 7 декември. Градот ќе биде целосно украсен, на шеталиштето ќе има ѕвездено небо, а програмата ќе заврши со македонска староградска музика.
Повеќе од еден милион денари се одвоени од Буџетот на Општина Штип за организација на Кристмас маркетот.
Лаура Стојанова М-Нет