Кристијан Ѓорѓиевски стави дрес на аукција за лекување на Сибела Омерова

Младиот фудбалер Кристијан Ѓорѓиевски стави дрес на аукција со цел собирање на финансиски средства за лекувањето на младата Сибела Омерова.

За таа цел Ѓорѓиевски стави на аукција дрес од фудбалскиот клуб Гархинг во Оберлигата (петтата лига во Германија), дрес од фудбалерот Рикардо Баста, поранешниот јуниор на Баерн Минхен.

Почетната цена на дресот е 4.000 денари, а ќе го добие тој што ќе има најголема понуда. Сите собрани средства ќе бидат донирани за лекување на младата Омерова.

Поддржете ја Сибела во нејзината битка против ракот!

Александар Ванев, М-Нет