Кривична за жител на село Ѕвегор

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Н.(32) од с. Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.03.2020 во 04.20 часот на Граничен премин „Деве Баир”, тој допатувал од Словенија, поради што  потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство. При проверка во неговиот дом во с. Звегор, од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал на изречените мерки и не постапил согласно препораките на Министерство за здравство.