
На 20.08.2025 во 06:45 часот во ОВР Виница било пријавено дека ноќта помеѓу 19/20.08.2025, во периодот од 22:30 до 06:30 часот со употреба на сила било влезено во продажен објект на ул.„Партизанска“ во Виница и биле одземени пари и производи. Сe преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.