
Горанчо Манев од Злетово е регистриран земјоделец кој произведува компири. Но, наместо да се радува на својата работа и труд тој мака мачи со животни кои му ги уништваат комипирите. Вели веќе петта година по ред коњи доаѓаат во неговата нива и уништуваат сѐ што има посеано.
„Јас се соочувам со голем проблем, петта година еве како коњи има напуштени овде по планината. Прават ми штета, компири садам овес имав сеано оваа година, се е уништено. Се бранам, ноќеска, претходната ноќ, по цела ноќ се бранам, остана ми само по некое компирче за јадење, како стражар сум по цела ноќ.“- вели Манев.
Пријавил во неколку надлежн институции, но одговор не добил, ниту пак му се решил проблемот со штетите кои му ги прават коњите.

„Пријавувам во полиција, вентеринарен доктор не излегува. До општината имам поднасано, до АХВ. Одговор нема ништо“ – додава Манев.
За ситуацијата одговор побаравме и од СВР Штип. Од таму велат дека пријави во врска со случајот има, но надлежноста за ваквите проблеми е кај Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Лаура Стојанова М-Нет