Кошаркарите на ТФТ на врвот во Првата лига, шампионот МЗТ Скопје трет, на дното е Вардар

Во кошаркарската елита на Македонија се одиграа девет кола, а на врвот од табелата е екипата на ТФТ Скопје која има 17 бодови на своето конто, четврти тим по број на реализирани поени вкупно 715, а трет по примени поени вкупно 663.

На второто место е екипата на Чаир која е втора, а која пак има реализирано најмногу поени вкупно 798, а на своето конто овој тим има 16 бодови.

Потоа следува израмнетост меѓу шампионот МЗТ Скопје кој е трет со 15 бода, а Работнички кој е четврти и Пелистер кој е петти, исто така со 15 бодови.

Кожуф и Куманово имаат по 14 бода, а пак Гостивар, Тиквеш и Шкупи со по 12 бодови го делат осмото место, Феникс е претпоследен со 11 бодови, а пак Вардар е на дното со девет освоени бодови.

Првите осум екипи обезбедуваат место во плеј-офот, а последните четири екипи ќе бидат дел од плеј-аутот каде ќе се борат за опстанок во кошаркарската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет