Како одиграа второлигашите во есенската полусезона? Македонија ЃП доминира, Борец постигна само седум гола!

Есенската полусезона во Втората лига заврши со одиграни 15 кола, Македонија ЃП е есенски шампион со 38 бодови на своето конто со тотална доминација на фудбалските терени.

„Лавовите“ предводени од Бобан Грнчаров имаат скор од 12 победи, две ремија и службен пораз односно Македонија ЃП нема пораз на терен.

Најефикасен напад со постигнати 31 гол и најдобар стрелец, Симеон Христов постигна 15 гола, а исто така „лавовите“ ја имаат најдобрата одбрана со 5 примени погодоци.

Статистички најкатастрофален напад има екипата на Борец која на 15 натпревари постигна само седум погодоци, додека пак Вардарски има примено најмногу примени погодоци дури 43.

На второто место заврши Брегалница со 33 бодови и само бод повеќе од Башкими кој е трет или во бараж зоната за Прва лига. На 4. место е Арсими со 29 бодови, Детонит Плачковица е петти со 25 бодови, додека пак Саса и Охрид имаат 24 бодови за делба на шесттото место.

На осмото место е Скопје со 22 бодови, а толку има и Кожуф кој деветти, додека пак Беласица е на 10. место со 19 бодови. Новаци ќе презими на 11. место со 18 бодови и веќе доаѓаат екипи кои се загрозени за опстанок.

Победа е на 12. место со 14 бодови, а толку има и Вардар Неготино кој е на 13. место. Осогово од Кочани е во бараж зоната за опстанок со осум бодови, а во зоната за директно испаѓање е Борец и Вардарски со по пет бодови.

Пролетната полусезона ќе започне на 15. февруари со натпреварите од 16. коло.

Александар Ванев, М-Нет