
Кошаркарите на Соколи од Штип откако го загубија третиот меч односно „мајсторката“ од Ангели остана без шанси за влез во Првата кошаркарска лига на Македонија, па сега штипјани ќе играат натпревар против вториот тим на МЗТ Скопје за трето место во Втората лига.
Соколи беше елиминиран од Ангели, а пак вториот тим на МЗТ Скопје од екипата на Маџари.
Тоа значи дека во финалето за шампионскиот пехар во Втората лига ќе се борат Маџари и Ангели. Но, без разлика на исходот двете екипи се нови прволигаши и од следната сезона ќе играат во кошаркарската елита на Македонија. Екипата на Маџари испиша историја и ќе биде дебитант во Првата лига. Од елитата испаднаа Вардар и Шкупи.
Александар Ванев, М-Нет