
Возбудлива станува Втората кошаркарска лига на Македонија, во врвот од табелата е вистинска мешаница, а трката за влез во Првата лига станува неизвесна.
Кошаркарите на Соколи во рамките на 8. коло на Втората кошаркарска лига претрпеа пораз на гостувањето во Струга кај Црн Дрим со резултат до 88:74.
Камиловски имаше 22 поени за стружани, а пак Здравковски имаше 18 поени за штипјани.
Ангели дојде до триумф од 95:77 против Водно Санс и всушност го искористи киксот на Соколи, но и ан Борец Баскет кој загуби од Мега Баскет со 79:69 на гостински терен.
МЗТ Скопје со 84:80 славеше против Струмица ФМП, која и натаму нема триумф, Работнички со 53:78 доживеа голем пораз од Маџари, а пак Бутел со 88:77 беше подобар во дуелот со ланскиот прволигаш Охрид.
Во однос на табелата Ангели, Борец Баскет, Соколи и Црн Дрим имаат по 14 бодови, Маџари е петти со 13 бодови колку што има Мега Баскет кој е шестти. По 12 бодови имаат Охрид кој е седми, Бутел и МЗТ Скопје.
Работнички е десетти со девет бодови, а толку има и Водно Санс, додека пак Струмица е на днот со осум бодови.
Александар Ванев, М-Нет