
Кошаркарите на Винеам од Виница зад себе имаат успешна сезона откако обезбедија место меѓу четирите најдобри екипи во Аматерската кошаркарска лига која е трета по ранг на натпреварување, а тоа значи дека продолжува борбата на кошаркарите од Виница следната сезона да бидат во прволигашкото друштво.
По одиграното 14. коло кое беше последно, познати се четирите екипи кои обезбедија место во полуфиналето, а тоа е Гевгелија која влезе како лидер со ефект 11-3, ќе ја има и првата стартна позиција, Шар Планина со скор од 10-4, Винеам со 9-3 и ИБА Скопје со 8-6.
Веќе овој викенд се играат мечевите од полуфиналето, а во кое Гевгелија ќе игра против ИБА Скопје, а Шар Планина против Винеам.
Место во финалето ќе обезбедат двете екипи кои ќе забележат по две победи во серијата која се игра според принципот „подобар од три натпревари“. Предност на домашен терен ќе имаат подоброрангираните екипи во регуларниот дел од сезоната.
Александар Внаев, М-Нет