
Одржана 8. редовна седница на Собранието на Здружението на пензионери во Кочани. Седницата се одржува врз основа на Статутот и завршениот четиригодишен мандат на досегашниот состав на Собранието. Сите изборни процедури треба да бидат завршени до средината на месец март.
„До 15., до средината на март треба во ограноците да се одржат изборите за да може во наредниот дел да организираме ново изборно собрание со верифицирање на мандатите, со формирање на Комисија. Од составот на новите делегати, треба да се предложи нов Извршен одбор, нова Статутна комисија, нов Надзорен одбор. Другите тела ги бира самото Собрание на својата изборна седница“, вели Ѓорги Серафимов, претседател на Здружение на пензионери – Кочани.
Денеска беше разгледан и извештајот за работа на Здружението за 2022 година и се потврдуваше завршната сметка. Во работниот дел на Собранието беше и програмата за работа и финансовата програма за 2023 година.
„Извршниот одбор, што е како Влада на Здружението, ќе биде избран на тоа Изборно собрание и ќе се избере претседател и секретар, а на првата седница Извршниот одбор ќе ги избере составите на петте комисии коишто го сочинуваат целото дејствување на Здружението. Денеска вршиме и измена и дополнување на Статутот на Здружението“, додава Серафимов.
Собранието е едно од поголемото според бројот на пензионери. Сочинето е од 15 огранока и секој огранок избира по три делегати, што е вкупен број од 45 делегати.
Ребека Спасова М-Нет