
Женскиот фудбалски клуб Кочани стана шампион во Втората женска фудбалска лига и со тоа обезбеди влез во Првата лига за следната сезона, откако во рамки на последното коло со голот на искусната Катерина Милевски, екипата на Кочани со минимални 0:1 славеше над Вардар, кој заврши втор и ќе игра одново бараж за можен влез во Прва лига.
Кочани се враќа во елитата, а тоа значи дека на Истокот ќе има прволигашко дерби меѓу Кочани и Каменица Саса следната сезона. Кочани беше единствениот непоразен тим со учинок од 13 победи и едно реми и 40 бодови на своето конто.
Вардар е втор со 34 бодови со тоа што вардарки се подготвуваат за баражот кој извесно е дека ќе го играат со Речица. Екипата на Билјанини Извори сезоната ја заврши на третото место со 31 бод, а пак Порече на четвротото место со 19 бодови.
Плачковица од Радовиш сезоната ја заврши на петото место со 17 бодови, додека пак Победа од Валандово на шестата позиција со седум бодови. Дебитантот Слободен сезоната ја заврши на претпоследното седмо место со шест бодови, а на дното заврши Борец како осмопласиран со четири бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет