
Екипата на Астибо до Штип доживеа тежок пораз од Металург Автокоманда од 44:24, во рамки на 16. коло на плеј-офот од ракометната Суперлига во женска конкуренција.
Металург Автокоманда беше голем фаворит на овој меч, екипата располага со квалитетен ростер, но за овој пораз исто така голем проблем беше тоа што Астибо на овој меч имаше многу тенка ротација, ниту пак настапи искусната Марија Анчева, што влијаеше на високиот пораз.
За домашниот тим Таида Беровиќ имаше осум голови, а ја следеше Сара Миновска со седум гола. Кај штипскиот тим прво име беше Елена Вучевска со десет гола, а пак ја следеше Елена Димова со осум гола.
Ракометарките на Ѓорче Петров на убедлив и доминантен начин ја одбранија титулата во домашното првенството откако во претходното коло со убедливи 28:37 го совладаа Чаир на гостински терен.
За домашниот тим најпрецизна беше Стефанија Ѓеоргиевска со осум гола, а кај „лавиците“ најпрецизна беше Ана Вранчиќ со сеудм погодоци.
Ѓорче Петров буквално се прошета низ лигата и стигна до нова шампинската титула.
Во дербито за четвртото место екипата на Куманово со тесни 27:26 го доби тимот на Вардар на домашен терен.
Во плеј-аутот се одиграа натпреварите од 10. коло каде Пелистер го загуби дербито за првото место откако беше поразен дома од лидерот Спартак со 29:31, Стружанка дојде до голема домашна победа над Деспиан од 29:25.
Александар Ванев, М-Нет