
Екипата на Кочани во рамки на третото коло во Првата женска фудбалска лига ја очекува тешко гостување кај шампионот Љуботен, во меч кој ќе се игра на 3 септември, а со кој и ќе се затвори колото.
Повеќе од јасна е преголемата разлика во квалитет и сосема очекувано трите бодови ќе останат во Тетово, односно се очекува сигурен триумф за тимот на Љуботен.
Скопје како фаворит в недела ќе го пречека составот на Тиверија Брера на теренот во Пржино, каде домаќинот ќе биде фаворит за трите бодови против струмичкиот тим кој сезонава е видно ослабнат во однос на ланската сезона.
Речица и Топ Гол ќе одиграат неизвесен натпревар каде трите бодови ќе бидат императив и за двете страни, а домашниот тим ќе има предност кога е во прашање фавортската улога.
Ас Јунајтед во Струга ќе го пречека поранешниот шампион Каменица Саса, каде исто така се очекува неизвесен меч, а „рударките“ од Македонска Каменица немаат право на грешка после поразот од актуелниот шампион Љуботен.
На местото на откажаниот Атлетико ќе игра тимот на Вардар, па со тоа тимот на Вардар е дебитант во Првата лига и ќе се соочи со Истатов на домашен терен.
Сите натпревари се играа во недела, освен мечот Љуботен против Кочани во среда.
Александар Ванев, М-Нет