Користи ли градоначалникот Јорданов туѓо приватно возило во службени цели без уредени правни односи?

Штипскиот градоначалник пријавил дека му се оштетени сите четири гуми на службеното возило кое го користел. Во полицискиот билтен вчера писуваше дека тој се соочил и со закани по сопствениот живот.

„На 21.03.2023 во 22.45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј.(35) – Градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19.40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени. Се работи на расчистување на случајот.“ – велат од СВР Штип.

Според неофицијални информации на М-Нет телевизија оштетеното возило било туѓо приватно возило, па прашавме во општината дали информацијата е точна. Јорданов на прашањето дали возилото е под договор за изнајмување или популарно познато како рент а кар услуги или не истакна дека сите потребни информации се јавно достапни и ги има наведено во записникот на СВР Штип. Според него се останато е шпекулација и лага. Останува нејасно и прашањето како градоначалникот користи приватно возило во службени цели без уредени правни односи и истото е пријавено во полиција како оштетено службено возило од страна на градоналчалникот, а не е пријавено од страна на сопственикот на тоа возило.

На ова прашање градоначалкникот вели возилото е пријавено од страна на сопственикот за што може да се провери од во СВР Штип. Тој само пријавил поврзаност на настанот со заканата која ја добил. Ама од полицијата велат дека пријавата е од И.Ј. и тој ден нема друга пријава за оштетено возило.

Од таму додаваат дека подетани информации ќе има по целосно завршување на постапката во која ќе се утврди каде било возилото кога било оштетено?

Лаура Стојанова М-Нет