
Комеморација за прерано починатиот Филип Стевановски, денес се одржа во штипскиот театар Ацо Шоповс во организација со ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип и НУ Ацо Шопов Штип. И денес вработените и блиските пријатели на Стевановски му оддадоа почит за целиот негов труд во културата и музиката. Директорот на ДМУЦ Сергеј Михајло Штип Илија Ќосевски истакна дека мисијата и добриот дух на Филип ќе продолжи и понатаму, со што во иднина идеите кои беа негови, ќе бидат реализирани.
“Јас денеска нема да кажам збофум, туку блаогдарам за се, за секој совет, за секој тон и споделен момент. Ќе ја продолжиме неговата мисија и неговиот добар дух за да ја пренесуваме музиката на идните генерации. Ќе дадеме се од себе со што секоја твоја идеја да ја реализираме и ветувам дека сетоа она што ти го го беше замислил, нема да престане.“, вели Ќосевски
Благодарност, почит и сосема последно збогум оддадоа и вработените од штипскиот театар, истакнувајки дека тој секогаш ќе остан во нивните срца.
“Патувај драг Филипе, патувај, летај и знај ти навистина го направи светот поубаво место за живеење. Ти благодариме за секој поминат момент со тебе, за се што не научи, бидејки ни го покажа патот по кој треба да се движиме.“, велaт вработените
Инаку, комеморациајта се одржа денес во штипскиот театар со почеток од 12 часот, а на истата присуствуваа неговите роднини, блиски пријатели, кои со непребол му одадоа почит.
Иван Митев, М-Нет