
Патувањата имаат моќ да ве трансформираат како личност, ве учат како да го цените моментот и да уживате во секое ново искуство. Исто така овозможува да запознаете луѓе од различни култури, со различни традиции и карактеристичен начин на живот. Анекитираните граѓани за М нет телевизија посочија дека најпосетувани туристички дестинации се Дојран и Грција, бидејќи се поприуштливи, додека пак за некои подалечни дестинации не дозволуваат паричните средства.
„Дојран, ради вода, ради топлота за мали деца е добро, јод има доволно за малите деца. Пари неаме за надвор добро е и тука шо одеме, само до Дојран, риби си ловеме„
„Јас Грција. Поради нашто море, ради тоа одеме да си го користеме. Друга не одам, само Грција на краците си одам. Секоја година, не на различно“
А има и такви кои што отишле и на некои подалечни дестинации кои не се толку посетувани.
„Најчесто беше у Ирак, Израел, у Кувајт там беше највише.“
Придобивките од патувањето не се само еднократни всушност не менува и физички и психички. Истражувањата покажуваат дека патувањата ни овозможуваат да се исклучиме од секојдневниот живот, ни помага да запознаеме други култури, го подоборува здравјето и најбитно – не прави попаметни.
Лаура Стојанова, М-Нет