Кога и кому подаруваат граѓаните цвеќе и кое им е омилено?

Цвеќето – чест подарок меѓу најблиските, се подарува од сопрузи на сопругите, од мајки на ќерките и од свекрви на снаите. Граѓаните велат дека најчесто купуваат цвеќе за посебни пригоди, како Осми март и родендени. Ги прашавме и кое цвеќе им е омилено, а меѓу фаворитите ги издвојуваат орхидејата и лалето.

Штипјанки со гордост раскажуваат за бројот и разновидноста на цвеќињата што ги одгледуваат, но и за љубовта и грижата што ја наследиле од своите најблиски. Дел од цвеќињата ги добиле од семејството, други сами ги купиле, а секое од нив носи своја приказна и спомен.

Без разлика дали е подарено или самите го купиле, за жените е вистинска чест и задоволство да добијат цвеќе, кое со својот мирис ќе го исполнува просторот и ќе ги опива сетилата. А цвеќе заслужуваат да добиваат секој ден, а не само двапати годишно, бидејќи секој цвет е знак на внимание, љубов и почит.

Ева Тушевска, М-Нет