Нема промени во ковид – ситуацијата во општините од Истокот. Според извештајот од штипската болница, во последните 24 часа новопримен е еден пациент, испишани нема. Со ова бројката на хоспитализирани пациенти е 28 на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип. Вакцинирани се четири пациенти, починати лица во изминатото деноноќие нема регистрирано. Слободни се 32 ковид – кревети, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница нема промени споредбено со вчера. Во последните 24 часа нема новопримени, ниту испишани пациенти. Хоспитализирани се двајца пациенти на Интерното одделение кое работи како ковид – оддел. И двајцата се вакцинирани, но немаат потреба од кислородна поддршка. Слободни се 25 кревети, информираат од болницата.
Во општините од Истокот активни се 349 ковид – случаи. Најмногу во Штип – 117, во Делчево – 74 и Кочани – 62. Најмалку ковид – случаи има во Пехчево каде активни се само пет ковид – случаи.
Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.555.273 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.744, бројот на оздравени пациенти е 208.724, на починати е 7.838, а бројот на активни случаи изнесува 5.182.
Лаура Стојанова М-Нет