Книжарите под лупа – стартуваат мерките за поевтин училишен прибор, има ли намалување на цените?

Книжарите под лупа – стартуваат мерките за поевтин училишен прибор. Од вчера сите книжари низ државата се должни да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 15 проценти. Мерката, која ќе трае заклучно до 15 септемви, е дел од владината акција за олеснување на семејниот буџет, пред почетокот на новата учебна година. Намалувањето важи за најбараните артикли, како тетратки, моливи, пенкала, ранци, гуми, темперни бои, блокови, боици, и останати приботи кои што се потребни за учениците. Надлежните најавуваат засилени инспекциски контроли, а казните за оние кои што нема да ги почитуваат правилата ќе бидат високи. Иако ситуацијата за оние кои што продаваат оваа мерка им носи дополнителен финансиски товар, сепак од друга страна ова ќе придонесе зголемен промет. Како што претходно потенцираше министерот за екомонија Бесар Дурмиши, целта на оваа мерка е ниту едно дете да не биде оставено без основниот прибор за во училиште, како и да се помогне на нивните семејства за да можат поевтино тоа да го обезбедат. Понатаму она што останува е да се види на терен, колку овие мнерки ќе функционираат и дали трговците на училипшниот прибор ќе ги почитуваат ваквите правила.

Иван Митев, М-Нет