
Откако беше извлечена ждрепката за баражите за Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ги одреди местата каде ќе се одиграат натпревари за влез во второлигашкото друштво.
- БАРАЖ НАТПРЕВАРИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ВТОРА ЛИГА:
Скопје: Тетекс – Осогово
Кичево: Вардар Неготино – Новаци
Тетово: Башкими – Влазерими
Тетекс и Осогово ќе играат во Скопје на стадионот Борис Трајковски, Вардар Неготино и Новаци ќе ги одмерат силите во Кичево, а пак во Тетово ќе има големо соочување на Влазерими и Башкими.
Колку за потсетување, трите победници директно патуваат во Втора лига, а од „лаки лузерите“ две екипи со ждрепка ќе бидат извлечени и ќе ги пополнат последните две места за Втората лига за следната сезона 2023/2024.