Кик бокс клубот Гладијатор Фајт од Штип ќе учествува на „Балкан Опен“ во БиХ – очекуваат освојување на медали!

Штипскиот кик бокс клуб Гладијатор Фајт овој викенд ќе земе учество на 19-тото издание на „Балкан Опен“ – меѓународен Куп во Тешањ, Босна и Херцеговина.

Се работи за исклучително силно натпреварување со многу голема конкуренција, а каде настапуваат натпреварувачи покрај од домаќинот Босна и Херцеговина, од Македонија, Словенија, Сингапур, Црна Гора, Хрватска, палестина, Чешка, Литванија, Унгарија, Србија, Германија и Сиера Леоне.

Гладијатор Фајт од Штип на овој престижен меѓународен Куп ќе настапи со тројца натпреварувачи, се работи за Антонија Тасева која ќе се натпреварува во конуренција -60 килограми, Јован јанковски во конкуренција -47 килограми, како и Баже Јанев кој ќе се натпреварува во конкуренција -32 килограми.

Тренерот на кик бокс клубот Гладијатор Фајт, Шенол Асанов вели дека е убеден и дека неговиот тим ќе донесе одлични резултати за градот Штип. Натпреварувачите се подготвени и очекуваат во Тешањ освојување на медали.

Александар Ванев, М-Нет