
Кивата, јапонското јаболко и тиквата најбарани на денешниот пазар во Облешево. Цените како и претходниот вторник, за некого спани, за друг дел реални, а според продавачите пристапни. За М-нет продавачите велат дека до 50 денари секој може да си дозволи квалитетно овошје, кое е карактеристично за овој период.
“Па киви, јапонски јаболка, лукче. Цените се секакви, 30,40,50, поситни, поедри.“, велат продавачите
Купувачите со став дека цените според нивните примања се скапи, но како што велат мора да се купи и да се јаде.
Она што дополнително можеше да се купи на пазарот беше и есенската зелка, која се продаваше до 60 денари, за оние кој се уште не го наполниле бурето за оваа зима.
Лаура Стојанова, М-Нет