Кафе до 500 денари, излегување во клуб минимум 1000, младите едногласни – дружењето нема цена

Кафе до 500 денари, излегување во ноќен клуб минимум 1000, младите во Штип. едногласни- дружењето нема цена. Но на терен, нивните одговори на прашањето колку парите се потребни за одење на едно кафе изненадуваат. А кога ќе падне ноќта, сметката расте. Во ноќен клуб, велат дека без најмалку 1000 денари во џеб, излегувањето едноставно не вреди. Парите брзо се трошат, но забавата и дружењето немаат цена. За младите, важни се моментите, а не денарите што се оставаат зад себе.

Во клубовите, трошоците се чувствуваат веднаш, младите признаваат дека без 1000 денари не се тргнува.

Денот завршува, парите се потрошени, но спомените остануваат. Младите велат дека најважно е дружењето и моментите поминати со пријателите. Сепак, цената на излегувањето не е мала, па малкумина внимават како и каде ги трошат парите. Но, за нив, секоја вечерната авантура вреди секој денар.

Иван Митев, М-Нет