Каратистите на КК Штип со големи резултати од силниот Меѓународен турнир во Скопје – освоени многу медали

Големи резултат за каратистите на карате клубот Штип на меѓународниот турнир “Grand Prix Macedonia” во Скопје, кој се одржуваше во СЦ „Борис Трајковски“.

Марко Џорлев освои две медали, злато во категорија кадети -52 килограми и сребро во апсолутна кадетска категорија, каде имаше над 30 натпреварувачи.

Божидар Зафиров злато во категорија кадети -57 килограми, сребро за Никол Трајков во категорија јуниори -55 килограми.

Душица Бреслиева, Драгана Ефтимовска, како и Виктор Спасов освоија по две бронзи во своите категории, а со бронзи се закитија и Џем Пашов и Михаил Спасов.

Уште една потврда за тоа дека со одлична работа, посветеност резултатите и медалите доаѓаат, како што сега потврдуваат младите каратисти.

Александар Ванев, М-Нет