
Младинската школа на Врапчиште бележи успешни резултати оваа есен. Потврда за тоа е и првото место во есенската полусезона во Регионалната Полошка лига за Петлиња.
Врапчиште со оваа генерација есенската полусезона ја заврши со скор од 6 победи и едно реми со 19 бодови на првото место на табелата. Успешната работа со младинската школа дава резултати и во иднина целта е клубот да се врати со натпреварување и во сениорска конкуренција односно со настапи во Третата лига – Запад.
Како што претходно информираше телевизија М Нет, младинската екипа предводена од тренерот Бурим Салији одигра и пријателски натпревар со турскиот гигант Фенербахче во Истанбул, потврда за добра соработка и со овој турски клуб, но потврда и за успешноста и можноста овие деца да се натпреваруваат со нивните врсници од турскиот гигант.
Потврда за одличната работа со децата доаѓа и од вчерашната посета на капитените на Сиваспор, Угур Чифтчи и Хакан Арслан.
На вчерашната средбата капитените на Сиваспор се започнале со инфраструктурата на клубот, разговарале за заедничките проекти што можат да се реализираат во иднина. Од клубот упатија благодарност до Чифтчи и Арлсан за посетата и соработката.
Александар Ванев М-Нет


