Како да се пружи прва помош – предавање на Црвен крст Штип на вработените во ДГ „Вера Циривири Трена“

Вработените во детската градинка „Вера Циривири Трена“ денеска имаа можност да следат предавање за прва помош организирано од страна на Црвен крст Штип. Обуките беа како правилно да се даде прва помош на повредени лица, возрасни и деца. Целта на настанот беше вработените да научат како да реагираат во дадена ситуација, бидејќи секојдневно се соочуваат со разни ситуации во кои се вклучени пред сѐ децата.

„Вработените од ДГ „Вера Циривири Трена“ добиваат посоодветни примери, предавања како да постапат при одредени ситуации, земјаќи го предвид фактот дека во детските градинки се згрижуваат дечиња од осум месеци до шест години. Секојдневно во текот на нашето работење, вработените честопати се соочуваат со некои предизвици, немили настани и затоа го искористивме денот.“ – вели Ангеличкова.

Црвениот крст Штип го спроведе настанот денеска во детската градинка, а во наредниот период обуки за прва помош ќе се спроведат и во основните и средни училишта во Штип.

„Ораганизира обука по прва помош која е наменета за вработените во градинката. Честопати вработените во градинките се соочуваат со разни ситуации во кои мора да укажат помош на дечињата кои се здобиле со одреден вид на повреди, скршеници и рани. Присутните имаа можност да стекнат основни знаења за првата помош“ – вели Димитрова.

Нарадениот период во детската градинка ќе се спроведат низа предавања со СВР Штип во делот на безбедноста, а потоа се прланирани и активности со ТППЕ Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет