Казнети 29 возачи на подрачјето на СВР Штип, најмногу за брзо возење

Заасилените акциски контроли спроведени во областа на сообраќајот на подрачјето на СВР Штип продолжуваат и пред Нова година. За време на вчерашниот ден се санкционираа возачи кои не ја почитуваат дозволената брзина, возење под дејство на алкохол, но се казнуваше и за други прекршоци. Имено, На 29.12.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 9 надвор од населено место и 8 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 9 други видови на прекршоци, од кои 3 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило и 4 за непрописно паркирање. Истиот ден, во периодот од 18.00 до 22.00 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што кај 3 возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите биле исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и издадени им се прекршочни платни налози.

Засилена акциска контрола за брзо возење е спроведена и на територијата на цела држава. сСанкционирани се 176 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури на 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 132 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. Истовремено се уште е на сила одлуката за поседување зимска опрема во возилата и истата ќе трае до 15 март наредната година.

Лаура Стојанова МНет