
Во новата сезона второлигашкиот фудбал се враќа во неколку нови среди, а најмногу екипи доаѓаат од главниот град Скопје.
Границите на тоа како ќе изгледа Втора лига за сезона 2026/2027 е поинаков во однос на претходната сезона кога најмногу екипи доаѓаат од Истокот, сега тоа ќе изгледа поинаку.
Од Скопје доаѓаат екипите на Македонија ЃП, Работнички, Шкупи и Еуромилк ГЛ, Струмица ќе има два второлигаши – Беласица и Брера Струмица, Кочани останува на второлигашката фудбалска карта преку Осогово, како и Охрид преку истоимениот клуб.
Радовиш ќе следи второлигашки фудбал преку Детонит Плачковица, Гевгелија преку Кожуф, на второлигашката карта е и Новаци, Тетово преку Тетекс, а Втора лига следната сезона ќе се гледа во Битола откако испадна Пелистер од Прва лига.
Втората лига ќе биде застепена и во селото Камењане во општина Боговиње, откако Камјани обезбеди влез во Втора лига.
Шареноликоста на второлигашката фудбалска карта на Македонија ќе донесе и подалечни патувања меѓу екипите, некои дерби кои беа во минатата сезона ќе ги нема во новата сезона, како дерби натпреварите меѓу Осогово и Каменица Саса, меѓу Осогово и Слога Виница, меѓу екипите на Каменица Саса и Слога Виница, но ќе има градско дерби во Струмица меѓу Беласица и Брера.
Александар Ванев, М-Нет