
Извадени детски реквизити, заштитна ограда и тенденција да се направи ново игралиште во населба Пребег во Штип. И по неколку месеци откако надлежните на терен отстраниле се од старото и посотоечко игралиште, новото сѐ уште не е ставено во функција. Жители од оваа наслеба реагираа, бидејќи како што велат претходно игралиште било старо ама барем функционално. Сега и по неколку месеци чекање ново сѐ уште нема, па децата се приморани да играат на улица што за родителите не е безбедно. И на терен во населба Пребег жителите го потрвдуваат истото. Велат не знаат која е причината поради која активностите на терен се стопирани и очекуваат да добијат ново игралиште во најбрз можен рок.
„Уште нема игралиште, уште нема лулашки, децата натаму – наваму играт, тоа не е добро, треба да се направе, почна се во населбата Пребег. Почнаа од февруари, ама прекинаа не знам зашто ама треба да се заврше, да биде добро за дечињата, имаме доста мали деца. Сега нема ништо ниту лулашки, нема фудбалско игралиште, детските реквизити се тргнати, нови нема ставено, оградите не се довршени“ – велат жителите од оваа населба.
Во текот на вчерашниот ден на терен немаше екипи кои работеа, а иста слика беше и пред три недели кога се сечеа дрвата. Но, затоа денеска по прашањењто упатено од наша страна до општината веднаш се се излезе на терен, за од општината во писмено соопштени да истакнат дека активностите веќе сe започнати.
„Веќе е започнато со активности за изградба на детското игралиште во населба “Пребег” и во наредните недели комплетно ќе биде завршено со што ќе реализираме уште едно ветување кон граѓаните од оваа населба. Катастарската парцела на кое се наоѓа игралиштето и се изведуваат градежни активности имаше воспоставено право на службеност заради премин на линиски вод во корист на ЕВН Македонија, па поради тоа пред започнување на градежните активности беше потребно разрешување на имотно правните односи за предметното градежно земјиште.“ – велат од општината.
Детското игралиште во населба Пребег е едно од предизборните ветувања на актулената Локална власт во Штип. Кон средината на месец декември минатата година, се вети целосно уредување на ова детско игралиште, целосно осветлување, нови спортски и детски реквизити и хортикултурно уредување.
Лаура Стојанова М-Нет