Италијанска компанија за производство на базени ќе инвестира во земјава, предвидена локацијата ТИРЗ Штип

Италијанска компанија за производство и инсталација на базени ќе инвестира во земјава. По денешната средба на сопственикот на компанијата, заменик шефот на италијанската амбасата во државава, заедно со директорот на Дирекцијата е посочена локацијата ТИРЗ Штип. За средбата италијанскиот сопственикот изрази посебно задоволство со очекувања за успешна реализација на предвидената инвестиција во ТИРЗ Штип. На средбата исто така беа потенцирани бројните поволности, кои ги нуди стратешката локација на ТИРЗ Штип, како и квалификуваната работна сила и поддршката што се обезбедува од страна на Дирекцијата во соработка со Владата за сите инвестиции со висока додадена вредност.

Иван Митев, М-Нет