Историја, важни моменти, познати личности – се на едно место во монографијата за село Радање од Мите Тушев

Историја, важни моменти, познати и славни личности, случувања, прераскажување – се е опфатено во Монографијата за село Радање, од авторот Мите Тушев. Уште пред 20 години имал идеја да ја напише оваа книга, но дури сега излегува од печат. Целта е да се остави траг на идните генерации, а во книгата е опфатено се од 14 век па се до денеска.

„Јас потекнува од село Радање, идејата ми е скоро 20 години. Радање низ вековите има бурна историја, многу настани, многу познати личности. Сето тоа придонесе како идеја, како мотивација да оставам траг за идните генерации. Буквално во моето истражување сѐ што можев да најдам како документи, од 14 век па до денес, сѐ е опфатено во книгата.“ – вели Тушев.

Македонци, Турци, Власи – сите живеат во едно село, но како што вели Тушев живеат во мир и слога и ова е една од најголемите карактеристики за самото село. Има 180 семејства и секое од нив има посебно место во монографијата.

„Во однос на многу села, Радање е карактеристично по тоа што тука живееле Турци, Македонци, Власи, и тој соживот се негува, никогаш не е имално и денеска нема проблеми.“ додава Тушев.

Денеска се одржа и промоција на книгата во основноте училиште во село Радање.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет