
Прволигашот Брера Струмица го претстави Антонио Каланоски како најново засилување за новата сезона.
Искусниот напаѓач во Брера доаѓа од редовите на кратовски Силекс, својата кариера 30-годишникот ја започнува во Охрид, од каде заминува во Металург, Локомотива, кичевски Напредок, Еуромилк ГЛ, Царев Двор од Ресен, Силекс, Борец, Струга, прилепска Победа, Беласица, Шкупи и Гостивар, а последно охриѓанецот го носеше дресот на Силекс.
Во последната сезона во дресот на Силекс, Каланоски одигра 31 натпревар, а притоа постигна девет погодоци.
„Честа е голема да се облече дресот на Брера и се надевам дека наредната натпреварувачка сезона ќе биде успешна како за мене така и за целиот тим и клуб“, рече Каланоски по промоцијата во новиот клуб.
Брера Струмица ги започна подготовките за новата сезона, ќе се подготвува во Струмица, а главната фаза ќе ја реализра во Банско, Бугарија, додека пак за новата сезона струмичкиот прволигаш најавува високи амбиции и напаѓање на првите четири места на прволигашката табела и со тоа обезбедување на излез во Европа.
Александар Ванев, М-Нет