
Искривување на уста, нејасен говор и нагла слабост на рака или нога – првите алармантни знаци на мозочен удар. Овие симптоми, предупредува доц. д-р Елена Јовева од Факултетот за медицински науки при УГД Штип, мора веднаш да се препознаат. Кон нив често се додаваат губење на рамнотежа, проблеми со видот и појава на конфузност. Може да се јават и гадење и повраќање, што дополнително го отежнува препознавањето на состојбата. Брзата реакција, вели Јовева, може да значи разлика помеѓу живот и тешки последици.
,,Како да се препознаат симптомите на мозочен удар, тоа е искривување на устата , отежнат говор, отежната концетрација со отежната перцепција на околината и појава на конфузност, можеме да имаме слабост на рака, нога, отежната подвижност. Исто така можат да се појават проблеми со видот и рамнотежата. Сетоа ова може да биде пропратено со гадење, повраќање и сите овие симптоми треба бргу да бидат препознаени и од општата популација и од лекарите во општатап пракса. „, рече Јовева
Навремената реакција е клучна – секоја минута е од пресудно значење при сомнеж за мозочен удар. Колку побрзо пациентот стигне до невролог, толку се поголеми шансите за поволен исход и спречување на тешки последици, нагласува доц. д-р Елена Јовева.
,,Колку што пациентот се донесе на преглед кај невролог, толку е подобр исходот за да се спречи евентуалниот развој на мозочен удар.“, додава Јовева
Мозочниот удар не трпи одложување, брзината на препознавање и постапување може да спаси живот. Затоа, граѓаните треба да ги знаат првите симптоми и веднаш да побараат медицинска помош. Само со свесност и навремена реакција можат да се намалат последиците и да се зачува здравјето.
Иван Митев, М-Нет