Имери: Важна победа во Виница, ни следува важен меч против Беласица

Воска Спорт продолжува со победничката серија резултати, откако во Виница на дождливото време со 1:3 славеше над домаќинот Слога и прокнижи три бодови на лизгавиот терен на Градскиот стадион во Виница.

Тренерот на Воска Спорт, Берат Имери, вели дека победата во Виница била важна, а сега следува важен меч и портив Беласица на домашен терен, додава дека смирено треба работат уште повеќе и да ги добиваат натпреварите еден по еден.

„На не многу добар терен и во дождливо време беше важно да ги освоиме трите бодови. Ние сме во најважната фаза од сезоната и мислам дека треба да бидеме многу, многу внимателни, да продолжиме да бидеме смирени, да работиме уште повеќе и да ги добиваме натпреварите еден по еден. Имаме уште 8 натпревари, додека многу важен натпревар е следниот против Беласица. Им честитам на целата екипа за победа во Виница, бидејќи во вакви моменти нашите победи се многу важни“, рече тренерот Имери.

Лидер на табелата во Втората лига е Вардар со 55 бодови, Воска Спорт е втора со 53 бодови, а пак Гостивар е трет со 51 бод.