Изградбата на мини хидроцентрали не е поддржана од граѓаните на Кочани и Пробиштип

Изградбата на мини хидроцентрала на брана Градче наидува на остри реакции од страна на граѓаните на Кочани, поддржано и од невладината Грин орг. Се најавуваат протести за да не дојде до изградба на оваа хидроцентрала. Според градоначалникот на Кочани, Илијев, ова е проект од пред неколку години одобрен, со што и се налага на општината почитување на донесените закони.

За неизградба на мини хидроцентрала во Турско Рудари во Пробиштип, се согласни и граѓаните на оваа општина. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Анастасов, поддржан од Советот на Општина Пробиштип преку испраќање на заклучок до Министерството за животна средина, до Владата и до Министерството за економија ќе бараат повторно преиспитување на целата постапка за изградба на мини хидроцентрала.

Консесионерот во два наврати имаше поднесено барање за издавање на градежна дозвола, стручните служби постапуваат по нив, се откриени недостатоци, по што е вратено во понатамошна постапка, доработка. Илијев со став дека мора да се почитуваат законски одредби бидејќи можноста да се соочат со тужба со последици за Локалната самоуправа е неизбежна. Доколку барателот и консисионерот за изградба на мала хидроцентрала ги исполнат сите услови, Локалната самоуправа на Општина Кочани е должна и мора да им издаде градежна дозвола за да не се соочат со судски постапки.

Лаура Стојанова М-Нет