Тасев: Палењето ѓубре на градската депонија не е од наша страна!

По претходна дојава од граѓани, со нивни слики се забележа оган и чад од градската депонија во Штип. Ѓубрето кое завршува овде гореше, а загаденоста на воздухот беше на високо ниво и можеше да се забележи со голо око, а истовремено и да се почувствува непријатниот мирис. Граѓаните со поплаки дека никој не води ред за зачувување на чист воздух за дишење. По нивните реакци побараваме одговор и од Јавното претпријатие „Исар“. Од таму велат дека тие не го палат ѓубрето на депонијата, ниту пак дека тоа им е нормален процес.

„ Ние не го палиме ѓубрето на градската депонија во Штип. Немаме таков процес на палење на ѓубре, ниту пак ја оправдуваме таа постапка, бидејќи од големо значење е за сите нас да дишиме чист воздух. Доколку дојде до палење на ѓубрето, и така дојава пристигне до нас, ние интерневираме преку Противпожарната територијална единица Штип. За последната недела дена немаме никаква дојава дека нешто горело. Инаку, чести се случаите во кои одредени граѓани на своја рака предизвикуваат палање на ѓубрето, за нивна корист. Јас апелирам до сите граѓани на Општина Штип да не го палат ѓубрето бидејќи се ставаат во опасност од една страна, а од друга страна го загадуваат воздухот, па доаѓа до недоразбирање кој и зошто сторил такво нешто.“ стоеше во писмената изјава на директорот на ЈП„Исар“.

На градската депонија во Штип, ЈП„Исар“ го изѓубрува отпадот кој се собира од целиот град. Штипјани ѓубре фрлаат и на депонијата кај Пребег, секаков вид на отпад и градежен шут. Од претпријатието често се вршат посети и  контроли за чистење на истите, но и на слични вакви места каде неконтролирано се фрла ѓубре и покрај тоа што не се наменети за таа цел. Со пуштањето во функција на депонијата кај Мечкуевци отпадот ќе биде изѓубруван таму од целиот Североисточен и Источен регион од државата, со што се очекува почист воздух и чиста животна средина.

Лаура Стојанова М-Нет